Утрински Весник
Магазин

Снимка од куче како си игра со гуштер собра 900.000 прегледи

Корисник на „Твитер“ објави видео од куче како си игра со гуштер. На видеото се гледаат гуштер и куче како се натегаат за зелено-сива плишена играчка во куќата.

„Заедно се забавуваат“, пишува во описот на снимката, која е прегледана речиси 900.000 пати.

„Луѓето мислат дека влечугите немаат чувства, тоа очигледно не е точно“, „Животните сакаат други животни, без разлика каков вид, боја или големина. Лошо е што луѓето не се такви“, „Прекрасно пријателство“, „Гуштер игра исто како куче, слатко“, се дел од коментарите.

Можете да прочитате

Пролет 2026: Два знаци со најголеми шанси за финансиски напредок

Дневен хороскоп за 19 март 2026

Одењето може да ги открие емоциите на луѓето