Утрински Весник
Свет

Снежно невреме во Шпанија, во Мадрид паѓа силен снег после 10 години

Снежно невреме во Шпанија, во Мадрид паѓа силен снег после 10 години

Цела Шпанија, освен градот Мелила, сè уште е под влијание на студен бран проследен со силен ветер, дожд и снег, па сообраќајот е ограничен или нарушен на околу 300 автопати низ целата земја.

Од вчера е во сила предупредување за највисоко ниво на снежна бура во Мадрид и соседната провинција Кастилја Ла Манча, објави државната агенција за метеорологија (АЕМЕТ).

Снег се очекува и на североисток во Каталонија и Арагон и на запад во Екстремадура.

Во Мадрид од вчера врне силен снег, каков што немало од 2011 година, а температурата падна на невообичаени -6 степени Целзиусови.

Обилен дожд паѓа на југот на земјата, во Андалузија. Поради слаба видливост, траект со 76 патници удри во пристаништето на Канарскиот остров Гран Канарија, но нема повредени.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Најмалку 21 лице загина чекајќи хуманитарна помош во Газа

Тројца загинати и осуммина повредени во престрелка во ноќен клуб во Њујорк

„Ер Канада“ од вечерва започнува со постепено обновување на летовите по штрајкот на кабинскиот персонал