Утрински Весник
Македонија

„Снежен град-2020“ од 16 до 21 февруари на Попова Шапка

„Снежен град-2020“ од 16 до 21 февруари на Попова Шапка

Скопје, 14 февруари 2020 (МИА) – Детскиот културен центар „Карпош“- Скопје по 43. пат ќе ја организира и реализира традиционалната детска манифестација „Снежен град и караван – 2020“. Манифестацијата ќе се одржи од 16 до 21 февруари на Попова Шапка. Градителите ќе бидат сместени во хотел „Славија“-ЕЛЕМ, кој е и коорганизатор на манифестацијата.

На 21 февруари во 11:00 часот децата – градители заедно со директорката на ДКЦ „Карпош“ Билјана Лалчевска Серафимовска свечено ќе го отворат „Снежниот град“, а сите посетители кои ја сакаат оваа уметност ќе имаат можност да ги разгледаат ремек делата на малите креативци направени од снег.

– Учесници-градители на „Снежниот град“ се ученици од повеќе основни училишта од Скопје. Сите ученици се екипирани по петнаесет деца со свој ментор и со потребните алатки, градат склулптура каде ја прикажуваат својата креативност и талент. Децата кои учествуваат на „Снежен град“ користејќи ја својата фантазија се вистински уметници кои си играат со снегот и го претвораат во објект којшто тие си го замислиле. Веруваме дека како и секоја година ќе направат впечатливи, уметнички скулптури, информираат од ДКЦ „Карпош“.

Во рамки на манифестацијата се одржуваат и други активности од забавно-рекреативен карактер: избор на Снежна убавица, спортски игри и натпревари во пинг понг, билијард, шах, училишна квизотека, пикадо, Снежен крос, Најслатка бонбона, Снежно бинго, Бал под маски и многу други активности.фф/вј/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

„Нашето трпение е при крај“ – таткото на Надица Наунова со жесток напад кон судството за случајот „Пулс“

Обвинителството во Струга бара итни мерки за фирми осомничени за загадување на водата

Таткото на загинатата Надица со критики до Обвинителството и Кривичниот суд за случајот „Пулс“