Утрински Весник
Македонија

Снег по патиштата, во прекин е сообраќајот на патот Кочани – Македонска Каменица

Снег по патиштата, во прекин е сообраќајот на патот Кочани – Македонска Каменица

Сообраќајот на државните патишта се одвива по влажни влажни коловози, а снег вее на цела територија на Македонија, информираат од Авто-мото сојузот (АМСМ).

Од таму додаваат дека поради снежни врнежи воведена е забрана за движење на камиони на патниот правец, крак Маврово-Дебар.

Според информација од ЈП Македонија Пат, сообраќајот на патниот правец А3 Кочани – М. Каменица, на делницата од Истибања до брана Калиманци, кај местото Ајдучки Камен, е целосно во прекин поради одрон.

За лесните патнички возила сообраќајот се пренасочува преку регионалниот патен правец Кочани – Виница – Бигла – Делчево.

Тешките товарни возила и автобуси се пренасочуваат преку регионалниот патен правец Кочани – Виница – Берово – Делчево.

Од АМСМ ги потсетуваат возачите дека на сила е законската обврска за задолжително поседување на зимска опрема во возилата, без оглед на моменталната временска состојба. Оваа обврска ќе трае до 15. март годинава.

Се препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има појава на утринска магла и можност од појава на одрони.

Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

 

 

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Доне Таневски продаде голем удел од акциите во „Македонија турист“ – „Скопски пазар“ на Фатмир Етеми ја зацврстува позицијата на втор најголем акционер

Лукаревска: СДСМ поднесе амандман за поддршка на зелената транзиција и намалување на загадувањето

НСО: Исплатени обврските кои беа заостанати од потпишувањето на колективниот договор