Утрински Весник
Свет

Снег го покри Сараево во април

Снег го покри Сараево во април

Иако календарски пристигна пролетта, Сараево синоќа беше покриено со снег кој почна да паѓа, а температурите исто така се нешто пониски од претходните денови, па во главниот град на Босна и Херцеговина утрово беа измерени 0 степени, јавија тамошните медиуми.

Граѓаните, се сведоци на зимски сцени, иако многумина мислеа дека конечно дојде подобро време и дека ќе ги заборават капутите, капите и шаловите.

Според прогнозата на Федералниот хидрометеоролошки институт на БиХ (ФХМЗ), во Сараево денеска ќе биде облачно во поголемиот дел од денот, а во претпладневните часови се најавуваат и лапавица и дожд. Делумно намалување на облачноста се очекува во текот на вечерните часови, додека највисоката дневна температура на воздухот ќе достигне до 6 Целзиусови степени.

Сепак, за следните три дена се најавува подобро време за цела БиХ а температурите на воздухот ќе бидат во пораст.

Можете да прочитате

САД, Украина и Русија на мировни преговори во Абу Даби

Зеленски ги прозва лидерите на ЕУ: Слаби сте, Трамп нема да ве слуша

Зеленски: Територијалните прашања остануваат пречка во преговорите