Утрински Весник
Македонија

Снег во Берово и Ѓуриште, најстудено во Маврово и Лазарополе

Врнежите од дожд ќе преминат во снег, од утре магла по котлините
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Скопје, 10 март 2020 (МИА) – Синоптичарите за денеска најавуваат облачно време со повремени врнежи од дожд, а на планините и на некои повисоки места од снег. Попладне врнежите ќе престануваат, но ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец, кој долж Повардарието ќе засилува.

Според временската прогноза, од рано утринава во 4 часот снег има во Берово и Ѓуриште, а во Крива Паланка врнежите се од дожд и снег.

До седум часот најмногу дожд има наврнато во Берово – 22 литри на метар квадратен, а најстудено е во Маврово и Лазарополе каде се измерени -2 степена.

Максималната температура за денеска ќе се движи во интервал од 4 до 12 степени.

Во Скопје ќе преовладува слично време со слаб до умерен северен ветер. Претпладне ќе има услови за краткотраен дожд, а попладне облачноста ќе се намалува. Максималната температура ќе достигне до девет степени. бак/са/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Трајковски: 20,9 милиони евра долг за пет локомотиви, прескапа авантура на Владата

Ахмети се закани со „План Б“ – Ако излезам на улица, нема враќање

Исплатени 336 милиони денари субвенции за 1.211 сточари