Утрински Весник
Магазин

Снагата не откажува: Шварценегер повторно на велосипед

Снагата не откажува: Шварценегер повторно на велосипед

Поранешниот гувернер на Калифорнија, Арнолд Шварценегер, во понеделникот се зафати со ефикасно топење калории од празникот Ден на благодарноста, возејќи се со својот велосипед во Санта Моника.

73-годишната ѕвезда на акционите холивудки филмови се погрижи да се заштити себеси и другите од коронавирусот носејќи црна маска за лице Ladder x UNKNWN за својата омилена рутина.

Минатиот месец, Арнолд беше подложен на операција на отворено срце за замена на аортниот залисток на Клиниката Кливленд, само две години откако му беше заменет белодробниот залисток.

Извор: Makfax

Можете да прочитате

„Оскари“ 2026: Фаворити за најпрестижните филмски награди

Викенд предизвик: ѕвездите носат јасност и храброст

Светската DJ супер-ѕвезда HUGEL пристигнува во Скопје за спектакуларна ноќ во Арена „Борис Трајковски“!