Утрински Весник
Спорт

„СМС вреди повеќе од 50.000.000 евра“

Првиот човек на Лацио, Клаудио Лотито, ја отфрлил првата понуда за Сергеј Милинковиќ-Савиќ (СМС), која била испратена од Манчестер јунајтед.

dobivaj vesti na viber

Менаџеорт на СМС, Матеја Кежман, го информирал Лотитот, дека од „Олд Трафорд“ понудиле 50.000.000 евра за најдобриот фудбалер на Лацио.

„Милинковиќ за 50.000.000 евра? Нема да го продадам за таа сума. Тој вреди многу повеќе“, изјавил Лотито за „Месаџеро“.

Јунајтед под итно мора да најдат фудбалер во редот за врска, изборот е СМС, но ќе мора да ја зголемат сумата. Лотито е еден од најтврдите преговарачи во светот на фудбалот.

Инаку, тој за „Месаџеро“, потврди дека за клубот е завршен преодниот рок.

„Преодниот рок е завршен за нас и затоа што Луис Алберто ќе остане. Ги исполнив сите мои ветувања. Ги донесов сите засилувања што ги побара Маурицио Сари“.

Можете да прочитате

Мареј: Побегнав од моите деца, а во Новак добив едно големо дете

Ла Лига ја одби жалбата за суспензијата на Винисиус

Гвардиола по 30 години се раздели со сопругата Кристина