Утрински Весник
Македонија

Смилевски: Ученици, борете се за своите права!

IMG
По повод 15 Септември – Меѓународниот ден на демократијата, денес во  просториите на Општина Бутел, градоначалникот Велимир Смилевски оствари средба со учениците од сите седум основни училишта од Општината.
Од секое основно  училиште, учество земаа по двајца ученици претстставници од Ученичкиот парламент, како и наставници по предметот Граѓанско образование и директорите на училиштата. На овој отворен ден се разговараше за правата и за обврските на учениците.
– На Меѓународниот ден на демократијата отворено треба да дискутираме за иницирање на активна партиципација на учениците во создавањето на оптимални услови за нивен интелектуален напредок и продуктивен ангажман во зедницата, што за цел го има креирањето на попросперитетно општество”, рече градоначалникот Смилевски. Воедно, тој ги охрабри учениците за да си ги бараат своите права, упорно и посветено.
Во Името на Општината, Градоначалникот Смилевски на сите ученици им подели скромни подароци.
Оваа средба се одржа со почитување на протоколите на здравствените авторитети за заштита од КОВИД-19.

Можете да прочитате

Освежување во врвот на СДСМ, избрани нови членови на ЦО и ИО

Божиновска на средба со претставници на ММФ-Потврдена заложбата за енергетска сигурност и одржлив развој на енергетиката

СДСМ: Мицкоски не стави во скут на Орбан и на соработници со Русија