Утрински Весник
Македонија

Смилевски подели оброци за вработените во службата за итна медицинска помош и за вработените во ПС Бутел

Смилевски подели оброци за вработените во службата за итна медицинска помош и за вработените во ПС Бутел

Скопје, 24 април 2020 (МИА) – Градоначалникот на Општина Бутел  Велимир Смилевски денеска однесе 50 оброци за вработените во службата за итна медицинска помош во Поликлиника Букурешт и 50 оброци за вработените во Полициската станица во Бутел.
Овие луѓе, како што соопшти Општина Бутел, се на правата линија и деноноќно се грижат за нашето здравје и безбедност во екот на оваа пандемија зафатена со коронавирусот.
-Општина Бутел во неколку наврати  дели оброци за вработените во сите смени на полициската станица во Бутел и медицинскиот персонал. Апелираме до граѓаните да останат дома, за неопходни работи да излегуваат со заштитна опрема и да држат дистанца помеѓу себе минимум два метра, се вели во соопштението од Општина Бутел.мд/са/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Во пукање на влезот на скопско Батинци убиен припадник на Армијата кој бил на користење слободен ден

ДУИ: Правичната и соодветна застапеност не е привилегија, туку уставно загарантирано право

ЦУК: Активни четири пожари на отворен простор, шест локализирани и два под контрола