Утрински Весник
Македонија

Смилевски: Општина Бутел е модел за инклузивна општина во која сите се добредојдени

417cd93c 80d2 42fa bc0c 207ae23b5fca
Денеска градоначалникот на општина Бутел,  Велимир Смилевски, министерката за труд и социјална политика Јагода Шахпаска и директор на Заводот за рехабилитација на деца и млади, Скопје, Фатмир Ејупи беа  во посета на новиот Дневен центар за деца и млади со интелектуална попреченост,  при Јавната установа Завод за рехабилитација на деца и млади во Општина Бутел.
Општина Бутел е модел за инклузивна општина во која сите се добредојдени  и  со тек на време се стреми да го подобри пристапот за сите граѓани и нивната вклученост во сите аспекти на локалниот живот. Имено, Во Општина Бутел изминатиов период се изгради инклузивно детско игралиште во Бутел 1  и се  адаптираше и опреми сензорна соба за деца со атипичен развој во градинката „11 Октомври”, работна единица „Ташко Караџа” во населбата Радишани.
Имајќи предвид дека е голем бројот на деца со развојни задоцнувања во претшколската возраст и дека тоа е период кога најмногу може да придонесеме за нивниот развој е всушност и причината поради која инвестираме во вакви содржини кои досега ги немаше во детските градинки.
Во иднина, Бутел  планира да  спроведе проценка на тоа колку е пристапна општината  за лица со попреченост и други ранливи групи, за да увиди што е тоа што функционира во смисла на инклузија, за што треба да се промени и подобри.

Можете да прочитате

Нема место за паника – најавена почесна артилериска стрелба во Скопје по повод Денот на Армијата

МВР не дозволи учество на „Маршот за ангелите“ на луѓе од други градови

На „Табановце“ се чека околу 40 минути за излез од државата