Утрински Весник
Економија

Сметководителите ќе дискутираат за предизвиците што ги наметна КОВИД-19

Преку мерката Вработување и раст на правни субјекти вработени 450 лица, од кои 286 млади

Скопје, 10 јуни 2020 (МИА) – Комората на сметководители на Македонија денеска ќе дискутира за моменталната состојба и предизвиците со кои се соочуваат деловните субјекти во услови на неизвесноcт, како резултат на здравствено-економската криза предизвикана од КОВИД-19.

Акцент ќе биде ставен на важноста од координација и комуникација меѓу државните институции со цел континуитет, исполнување на сите обврски и запазување на роковите, за да не се остави простор за слободно толкување на економските мерки и уредбите кои сметководителите ги спроведуваат во пракса.

Предлозите и сугестиите на Комората на сметководители на прес-конференција ќе ги изнесат Благоја Грозданов и Александра Андреева, членови на Управниот одбор на Комората на сметководителите. мд/рп/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Петрушевска до опозицијата: Седум години покажувавте огромна негрижа, а сега зборувате за социјална правда

„Сакам да работам“ до ДУИ и ВЛЕН: Дали вашата политичка војна треба да остави 10 илјади луѓе без работа

Демант од Групација на небанкарските финансиски друштва при Стопанската комора на Северна Македонија