Утрински Весник
Свет

Случај со британскиот вирус откриен во Германија, на местото на настанот испратени 100 полицајци

Случај со британскиот вирус откриен во Германија, на местото на настанот испратени 100 полицајци

Случај на инфекција со британскиот вид на коронавирус во Хам, во Западна Германија, ја кренал полицијата на нозе, па била спроведена обемна операција во тој град, потврди денеска полицискиот портпарол.

Според градските власти, откако инфекцијата со британскиот сој Б117 била потврдена кај еден работник на градилиште, околу 100 полицајци биле испратени на местото на настанот.

Четири згради во кои биле сместени работниците се ставени во карантин, а сите што работат на тоа градилиште се предмет на тестирање.

Полицијата дежура пред зградите од понеделникот навечер за да го следи почитувањето на карантинските мерки од страна на работниците.

Британскиот вид на вирусот се смета за исклучително заразен и е еден од трите мутирани соеви идентификувани во Германија, што предизвикуваат голема загриженост кај здравствените власти.

Постоењето на новите мутации во Германија е потврдено и од Институтот за контрола на болести Роберт Кох (РКИ).

Претходно месецов, РКИ објави дека сојот Б117 е регистриран во 13 од 16 германски сојузни покраини и дека моментно сочинува едвај шест проценти од сите случаи. РКИ, сепак, предупредува дека бројот многу веројатно ќе се зголеми.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Израел прифати примирје со Хезболах

Телефонски разговор Трудо-Трамп – 24info.mk

Три тела извлечени од потонатиот туристички брод во близина на брегот на Египет