Утрински Весник
Свет

Случаен минувач спречил испламистички напад во Париз прегазувајќи го напаѓачот

Случаен минувач спречил испламистички напад во Париз прегазувајќи го напаѓачот

Француската полиција уапсила 32-годишен маж во проблематичното париско предградие Сен-Сан Дени по неуспешниот обид за напад на присутни на забава, со нож и со полуавтоматска пушка, пренесува „Ле Паризиен“.

Обидот за напад се случил околу 7 часот наутро во неделата во општината Блан-Меснил додека неколку лица си заминувале од една забава.

Сведоците велат дека човекот викал „Алаху Акбар!“ и тргнал кон нив со нож и пушка, но бил брзо удрен од човек во автомобил, за кој се вели дека дејствувал инстинктивно за да го запре вооружениот напаѓач.

„Мислевме дека ќе умреме. Ако не интервениравме самите, не знаеме што можеше да се случи “, изјави еден од сведоците за весникот.

Напаѓачот во маскирна облека веќе бил виден во околината двапати претходно. Тој, исто така, му се заканил на еден гостин на забавата со сабја околу 6 часот утрото.

„Тој сигурно извикал „Алаху Акбар“, но нема вознемирувачко полициско досие и сè уште не е пронајдено нешто што може да укаже на радикализација. Но, ситуацијата не беше помалку опасна, бидејќи тој имал полн шаржер во полуавтоматската пушка“, рече обвинителот на Бобињи.

Истражителите исто така посочуваат дека напаѓачот имал високо ниво на алкохол во крвта. Тие велат дека работат и со разузнавачките служби и со психијатрите за да ја проценат можната мотивација за обидот за напад.

Инцидентот се случува нешто повеќе од една недела откако друг маж во општината Ле Кросик ограбил 85-годишен маж, го нападнал и уринирал врз него. Подоцна кога бил уапсен од полицијата, тој се заканил дека ќе убие полицајци и викнал „Алаху Акбар“.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Најмалку 93 лица го загубија животот во одрони и свлечишта во Индија, 250 лица се спасени

Руската морнарица почна со вежби, учествуваат 20.000 луѓе

Нови саботажи: возот од Амстердам мораше да застане поради скинат кабел, евакуирани 500 патници