Утрински Весник
Македонија

Службен весник за време на вонредна состојба само во електронска форма

Службен весник за време на вонредна состојба само во електронска форма

Скопје, 31 март 2020 (МИА) – Издавањето на службеното гласило „Службен весник на Република Северна Македонија“ за време на вонредна состојба ќе се врши само во електронска форма.

– Согласно Уредбата со законска сила за примена на Законот за објавување на законите и другите прописи и акти во „Службен весник на Република Македонија” за време на вонредна состојба, издавањето на службеното гласило „Службен весник на Република Северна Македонија“ и објавувањето на законите и другите прописи и акти во „Службен весник на Република Северна Македонија“ за време на траењето на вонредната состојба ќе се врши само во електронска форма, се наведува во соопштението објавено на веб страницата на ЈП „Службен весник“.

Од таа причина, како што се посочува во соопштението, на сите активни претплатници кои службеното гласило го добиваат во печатена форма, ќе им се овозможи непречен пристап до изданието во електронска форма како и пристап преку мобилната апликација за што е потребно во најкраток можен рок да ги достават следниве податоци кои треба да бидат во согласност со бројот на претплати на печатеното издание: назив на фирма, име и презиме на корисникот, е-маил адреса.

Од ЈП Службен весник на Република Северна Македонија ги информираат претплатниците податоците да ги пратат на е-маил pretplata@slvesnik.com.mk

Телефон за контакт: Централа – 02-55-12-400,  Служба за претплата – 02-5512421; 02-5512422; 02-5512426; 02-5512427. дма/сп/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Полициските хеликоптери исфрлија над 50 тони вода врз пожарите во Малино и Немањица

ВИДЕО: Евакуација на жителите на Немањици

Едно лице загина во пожарот кај кумановско Кокошиње