Утрински Весник
Магазин
300x250 opst2

Слуга на кралицата ќе оди во затвор поради кражба на предмети од Бакингемската палата

Слуга на кралицата ќе оди во затвор поради кражба на предмети од Бакингемската палата
300x250 opst2

Ако новата сезона на „Круната“ нè научи на нешто, тоа е дека безбедноста околу кралското семејство, на моменти, е малку слаба. Сепак, додека лудориите на Мајкл Фаган во епизодата пет докажуваат дека Бакингемската палата не е секогаш непробојна, постојат закани од инсајдери за кои треба сериозно да се размисли, пишуваат британските таблоиди.

Во декември се појави вест дека Адам Канто, еден од слугите на кралицата, признал дека украл предмети од палатата, чија вредност може да достигне до 100.000 фунти, вклучувајќи и два медала и потпишани фотографии од војводата и војвотката од Кембриџ.

Сега, по првичното судско сослушување минатиот месец, 37-годишниот Адам треба да одлежи затворска казна за кражба.

„Мејл онлајн“ објави дека Канто, од Скарборо, Северен Јоркшир, признал дека извршил три кривични дела – кражба од страна на вработен. На 4 јануари, тој беше осуден на осум месеци затвор.

Извор: Makfax

Можете да прочитате

Апел за помош на младиот студент по медицина Спасение Анчески од Скопје кој соочува со леукемија

Судбоносни промени денес: Дневен хороскоп (01.10.2025)

Денеска се празнува Свети Евмениј, епископ Гортински на Крит