Утрински Весник
Спорт

Словенците доминираа на Планица

Словенците доминираа на Планица
Dik 300x250 mk

Пред 12 илјади домашни навивачи, словенечките скокачи доминираа на натпреварувањето во скијачки летови на домашната Планица, освојувајќи ги првите четири места!

На леталницата „Браќа Горишек“, Жига Јелар триумфираше пред Петер Превц, Анже Ланишек и Тими Зајц, а петти Словенец, Домен Превц заврши на седмото место. Јелар леташе 232 и 239 метри за 468.2 поени, постариот Превц имаше 226 и 237 метри за 464.8 поени, додека Ланишек на третото место имаше 458.5 поени по скоковите од 230 и 230.5 метри.

Ова е првпат од 1980 година четири скокачи од една земја да се на првите четири места, кога на 20 јануари во Тандер Беј, САД на првите четири места беа Австријци.

> Словенците доминираа на Планица <

Можете да прочитате

Токтасинов почина на 36 години – спортскиот свет во неверување

Ѓоковиќ донесе одлука за настапот на завршниот Мастерс

Почина екс тренерот на Шкупи, колабирал на терен