Утрински Весник
Спорт

Словенците во последната секунда изборија реми со Шведска

Словенците во последната секунда изборија реми со Шведска

Словенечката ракометна репрезентација ги заддржа шансите за пласман во четврт-финале на Светското првенство во Египет, откако во драматична завршница избори 28:28 реми со Шведска, и сега и остануваат тестовите со Египет и Македонија за овој пласман.

Швеѓаните имаа одличен старт и поведоа со 11:6, но на полувреме оваа предност се „стопи“ и тие имаа само 15:14 предност. Во драматичната борба во второто полувреме, прво водеа Словенците, пред Швеѓаните предводени од Јонсон и Ване да направат пресврт и да бидат на дофат до победата. Блаж Јанц во 58. минута го донесе второто водство за Словенија 27:26, пред во последната минута Шведска да поведе, а на Словенија да и останат 15 секунди за напад. Матеј Габер беше херојот на словенечката репрезентација за голем поен.

СП ЕГИПЕТ, ВТОРА РУНДА

ГРУПА 3

Швајцарија – Португалија 29:33 (15:17)

Исланд – Франција 26:28 (14:16)

Норвешка – Алжир 36:23 (17:11)

Табела: 1.Франција 8, 2.Португалија 6, 3.Норвешка 6, 4.Исланд 2, 5.Швајцарија 2, 6.Алжир 0

ГРУПА 4

Македонија – Русија 20:32 (9:19)

Египет – Белорусија 35:26 (21:14)

Словенија – Шведска 28:28 (14:15)

Табела: 1.Египет 6, 2.Шведска 6, 3.Русија 5, 4.Словенија 5, 5.Белорусија 2, 6.Македонија 0

> Словенците во последната секунда изборија реми со Шведска <

Извор: Makfax

Можете да прочитате

Чоло утре ќе влезе во историјата на Ла Лига

Јамал потпишува нов договор со Барселона со откупна клаузула од милијарда евра

Синер ја одведе Италија до полуфиналето на Дејвис купот