Утрински Весник
Свет
Img 7972

Словенија ја продолжи состојбата на епидемија за два месеци

Словенија ја продолжи состојбата на епидемија за два месеци
Dik 300x250 mk

Во Словенија се потврдени 1.767 нови случаи на зараза со коронавирус во последните 24 часа, а ограничувачките мерки остануваат во сила најмалку до 22 јануари, објави словенечката влада, истовремено продолжувајќи ја епидемијата за два месеци.

Состојбата на епидемијата е продолжена за следните два месеци, што е законска рамка што и овозможува на владата да ги прилагоди и менува противепидемиските мерки во тој период, во зависност од ситуацијата.

Како една од ретките одлуки за попуштање на мерките, владата на премиерот Јанез Јанша синоќа објави дека повторно е дозволена работата на сервисите за хемиско чистење, но сите други мерки остануваат во сила, вклучително и забраната за јавни собири, дружење само во семеен круг од шест лица час и општата забрана за движење надвор од границите на општините за живеење.

Од друга страна, сè уште нема ништо од отворањето на образовниот систем, што е еден од приоритетите во идното „отворање“, па наставата сè уште се одвива преку интернет. Затоа група родители од Целје поднеле барање до уставниот суд за проверка на уставноста на ваквата одлука на владата, наведувајќи дека тоа им нанесува голема штета на учениците и на целото општество бидејќи учењето „од дома“ трае со месеци.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

ЕУ подготвува план за војна со Русија, протекоа детали, доаѓа „ѕид од дронови“

Во Милано убиена манекенка, партнерот ја прободел дури 24 пати

Поради руските напади, Украина воведува прекини на електричната енергија