Утрински Весник
Македонија

Словенија подготвена да понуди помош по трагедијата во Тетово

Словенија подготвена да понуди помош по трагедијата во Тетово

Претседателот Стево Пендаровски оствари телефонски разговор со Претседателот на Република Словенија, Борут Пахор.

„Во разговорот, претседателот Пахор во свое лично име и во име на граѓаните на Република Словенија изрази најдлабоко сочувство до семејствата и блиските на загинатите во синоќешниот пожар во модуларната болница во Тетово и посака побрзо опоравување на повредените“, информираат од кабинетот на Пендаровски.

Во разговорот претседателот Пахор изразил солидарност и истакнал дека Република Словенија е подготвена да понуди секаква помош доколку е потребна.

Помош по трагичниот настан во Тетово понуди и претседателот на Република Србија, Александар Вучиќ, изразувајќи сочувство за загубените животи.

Можете да прочитате

Нова бомба: Чистење на буџетот, 161 тендер за семејната фирма на Томовски, велат од СДСМ

На владина седница во вторник ќе се дискутира за солидарниот данок, најави Димитриеска-Кочоска

Нова бомба: Семејна фирма на Томовски „чисти” 5,5 милиони евра од буџетот!