Утрински Весник
Свет
300x250 opst2

Словенија побара помош од ЕУ за заштита на работните места

Словенија побара помош од ЕУ за заштита на работните места
300x250 opst2

Словенечката влада аплицираше за финансиска поддршка преку инструментот SURE за програми за заштита на работните места вредни вкупно 1,1 милијарда евра.

Инструментот SURE е една од трите безбедносни мрежи во вредност од вкупно 540 милијарди евра и е наменет за зачувување работни места во компаниите и земјите членки на ЕУ преку поволни заеми, пишуваат словенечките медиуми, пренесува агенцијата Хина.

Во барањето за финансирање од тој извор, Словенија изјави дека добиените средства ќе ги искористи за мерки за субвенционирање на чекање за работа и работа со скратено работно време, за финансирање на основните приходи и за ослободување од плаќање придонеси на самовработени во микро претпријатија и за слични случаи.

Инструментот SURE треба да започне да функционира откако сите членки на ЕУ ќе обезбедат гаранција за заеднички заем, а истиот треба да биде достапен до крајот на 2022 година, а во случај кризната состојба да продолжи или да се повтори уште подолго.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Земјотрес со јачина од 5.0 степени ја погоди западна Турција, почуствуван и во Истанбул

Колумбија протера израелски дипломати поради запирањето на флотилата за помош за Газа

Макрон: Ја потценивме Русија – 24info.mk