Утрински Весник
Свет

Словенија очекува да почне со вакцинација против Ковид-19 на крајот на декември

Словенија очекува да почне со вакцинација против Ковид-19 на крајот на декември

Првите количини на вакцината против Ковид-19 од најперспективните производители со кои Европската комисија се договараше за сите членки на ЕУ, во Словенија би можеле да бидат достапни за одредени групи на крајот на декември, доколку производителите добијат регулаторни лиценци за нивно пласирање на почетокот на следниот месец.

Ова го изјави на прес-конференција Доротеја Новак-Гошариќ од Дирекцијата за здравствена заштита во Министерството за здравство.

„Вакцинацијата ќе биде бесплатна, односно трошоците ќе бидат покриени од државниот буџет. Вакцинацијата нема да биде законски обврзувачка, но владата ќе започне интензивна кампања за да ги обезбеди вистинските информации за потребата од вакцинација“, рече Новак Гошариќ.

Таа објасни дека Словенија не преговарала и нема да преговара со производителите на вакцини надвор од рамките договорени во Европската Унија, додавајќи дека ова би било неодговорно бидејќи со акцијата на ниво на ЕУ е постигнат најдобриот резултат во преговорите со најперспективните производители на вакцини. Таа вели дека се постигнати и најдобри цени и соодветни национални квоти за секоја држава.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Високиот комесаријат на ОН за човекови права изрази „загриженост поради етничкото чистење во Газа и на Западниот Брег“

Мицкоски: Истрагата за дрогата оди до лица од опозицискиот блок и порано активни политичари, се ќе биде поткрепено со докази

Трамп: Во наредните 10 дена ќе се знае дали ќе има договор меѓу САД и Иран