Утрински Весник
Спорт

Словенија немоќна против „зборнаја“, Гибралтар е лесен залак за Црна Гора

Словенија немоќна против „зборнаја“, Гибралтар е лесен залак за Црна Гора

Во првите два денешни дуели од второто квалификациско коло за Мундијалот во Катар победи за фаворитите.
Селекцијата на Русија со 2-1 беше поуспешна од Словенија во рамки на групата Х, додека Црна Гора со 4-1 ја совлада селекцијата на Гибралтар, во групата Г.

Трите гола на мечот во Москва паднаа во првото полувреме.

Во 26 минута капитенот Артем Ѕјуба донесе водство за „зборнајата“, а истиот играч само 9 минута подоцна беше стрелец и на вториот гол за својата селекција.

Словенците кои во претходното коло ја изненадија фаворизираната Хрватска (победа со 1-0) преку Иличиќ во 36 минута намалија на 2-1, но избраниците на селекторот Кек беа немоќни да дојдат до поволен резултат.

Русија е лидер на табелата со 2 победи по 2 меча, а Словенија со победа и пораз за три дена оди нагости кај Кипар.

Во оваа група од 18 часот играат Хрватска – Кипар, а од 20.45 започнува дуелот Словачка – Малта.

Во Подгорица Црногорците немаа големи проблеми со аматерите од Гибралтар.
Бечирај во 26 минута донесе водство од 1-0.

Стик од пенал во 30 минута изедначи на 1-1, но до крајот на првиот дел домаќините повторно ја вратија предноста. Симиќ погоди во 43-та за 2-1 на полувреме.

Во вториот дел Томашевиќ беше стрелец за 3-1, во 53 минута, а конечниот резултат од слободен удар во 80 минута го постави капитенот Стеван Јоветиќ.

Црна Гора е прва на табелата по 2 кола со максимален ефект, пред Норвешка и Турција кои се со стартна победа, а нивниот меѓусебен дуел го играат со почеток од 18 часот.

Во вечерниот термин од оваа група е дуелот Холандија – Латвија.

> Словенија немоќна против „зборнаја“, Гибралтар е лесен залак за Црна Гора <

Можете да прочитате

Хагерти за Надал: Организиравме сè онака како што сакаше Рафа

Поранешен фудбалер со нож нападнат во Њујорк

Намибиски новинар му одговори на Перез: Тој е фрустрирана личност