Утрински Весник
Свет

Словенија: Лицата кои прележале коронавирус ќе примат само една доза вакцина

Во Словенија 14 нови случаи на коронавирус

Во Словенија оние што прележале Ковид-19 ќе се вакцинираат со само една доза, што е новост во пристапот на вакцинацијата усвоен од словенечката влада.

„Оние кои веќе биле заразени со новиот коронавирус ќе добијат само една доза на вакцината затоа што тоа што ја прележале болеста ќе се смета како прва доза“, рече Јелко Кацин, координатор за вакцинација на словенечката влада.

Тој кажа дека Словенија овој месец ќе добие 282.819 дози вакцини, од кои најмногу, 153.369 дози, од вакцината на „Астразенека“, која се користи за вакцинирање на вработените во училиштата и градинките од почетокот на неделава.

Во Словенија, во последните 24 часа се потврдени 952 нови случаи на коронавирус од 6.017 тестови, а регистрирани се четири смртни случаи меѓу пациентите.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Маж се здоби со тешки изгореници од струен удар додека правел селфи на покрив на воз во Германија

Вооружена банда мотоциклисти киднапирала повеќе од 60 луѓе во северозападна Нигерија

Кина повторно воведe портокаловo ниво за опасност од дождовни бури