Утрински Весник
Свет

Словенија воведе нови построги мерки во борбата против коронавирусот, министерот најавува уште подрастични

Словенија воведе нови построги мерки во борбата против коронавирусот, министерот најавува уште подрастични

Поради влошената епидемиолошка состојба, Словенија веќе воведе нови мерки.

Од денес во Словенија е на сила одлуката на владата да забрани собирање на повеќе од десет лица во јавни и приватни простории. Продавниците, јавните објекти, поштата и сличните институции мораат да обезбедат дека во исто време нема повеќе од едно лице на 20 квадратни метри, воведени се ограничувања за работа на барови и гостилници што ќе можат да ги опслужуваат гостите само на маси, со потребното растојание, додека забранети се приеми и банкети каде што се служи храна и пијалак.

Министерот за внатрешни работи, Алеш Хојс, за Словенечката телевизија изјави дека доколку во наредните денови овие мерки не го дадат посакуваниот резултат и бројот на новозаразени не се намали, тогаш владата ќе разгледа построги мерки и препораки, а можно е постепено да се затворат фризерските салони и слични дејности,  како што беше пролетоска во првиот бран на епидемијата.

Премиерот Јанша на прес-конференција претходно оваа недела ги повика граѓаните да бидат одговорни и солидарни преку строго придржување кон епидемиолошките правила, велејќи дека ова ќе биде еден вид социјален тест и дека во случај на драматично влошување и влегување во т.н. црвената зона Словенија би ризикувала затворање во рамки на општинските или регионалните граници, со сите социјални и економски последици, што треба да се избегне.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Два брода со мигранти се превртеа кај Мадагаскар, 25 лица загинаа

Обилни снежни врнежи во Турција – затворени училишта и спасени стотици граѓани

Хамнеи: Смртна казна за израелските лидери, не само апсење