Утрински Весник
Свет

Словенија: Внуката осомничена дека ја убила 85 годишната баба

Словенија: Внуката осомничена дека ја убила 85 годишната баба

Осумдесет и петгодишна жена е убиена во Бертоки кај Копар, а нејзината внука е осомничена за злосторството, објавија словенечките медиуми.

Мотивот за убиството е непознат, а осомничената е во притвор.

За злосторството синоќа во полиција известил маж кој пријавил дека во куќата нашол тело на жена, а во текот на ноќта е уапсена триесет и едногодишна државјанка на Словенија под сомнение за убиство.

Полицијата во Копар не го откри идентитетот на осомничената, но медиумите повикувајќи се на локалното население, пишуваат дека станува збор за внуката на убиената жена.

Можете да прочитате

Стармер: Заканите на Трамп за царини поради Гренланд се „сосема погрешни“

Реакции на Данска и на Франција по заканите од Трамп за царини поради прашањето за Гренланд

ЕУ разгледува одговор на царините на Трамп за Гренланд