Утрински Весник
Свет

Словенија влезе во трета блокада поради пандемијата на коронавирус

Словенија влезе во трета блокада поради пандемијата на коронавирус

Словенија денес влезе во својата трета блокада за нешто повеќе од една година, која ќе трае до 11 април.

Исклучок е времето на велигденските празници, кога членови на две домаќинства ќе можат да се посетуваат едни со други.

Училиштата повторно ќе се префрлат на олајн настава, додека градинките ќе обезбедат грижа само за децата чии родители работат во сектори од клучно значење, пренесува словенечката агенција СТА.

Маските за лице повторно ќе бидат задолжителни на отворено, освен за време на рекреација во природа.

На луѓето ќе им биде забрането да го напуштаат својот регион, со исклучоци како што се одење на работа, обезбедување помош или учество во дипломатски мисии.

Директната продажба на стоки и услуги на потрошувачите ќе биде забранета, со исклучок на продавниците за храна, аптеките и цвеќарниците.

Забраната за собирање ќе биде во сила, а на луѓето ќе им биде дозволено да се дружат само со членови на нивното домаќинство.

Сите прослави ќе бидат забранети, а полицискиот час од 22:00 до 5:00 часот ќе остане во сила.

Музеи, галерии, библиотеки и архиви исто така ќе бидат затворени денес, настаните се откажани во наредните 11 дена, а верските церемонии ќе се одржуваат без присуство на верници.

Велигденската недела, која се слави на 4 април, ќе биде исклучок, а луѓето ќе можат да патуваат низ земјата за да го посетат семејството.

Максимум две домаќинства ќе можат да се дружат, но вкупниот број на луѓе постари од 15 години не смее да надмине шест.

Христијаните во Словенија ќе го прослават Велигден среде низа ограничувања поради коронавирусот, бидејќи од 1 до 11 април се воведува строга блокада, а сите верски служби се одржуваат без верници.

Можете да прочитате

Русија врати седум украински деца со посредство на Катар

Ново разрешување од функција на висок претставник во кинеската армија поради истрага за „сериозно кршење дисциплина“

Американска база од 1959 година забележана под 30 метри мраз на Гренланд