Утрински Весник
Свет

Словенечки пратеници: Проширувањето на ЕУ е долгорочен, но важен процес

Словенечки пратеници: Проширувањето на ЕУ е долгорочен, но важен процес

Словенечките пратеници Франц Боговиќ, Тања Фајон и Клемен Гросеj истакнаа дека проширувањето на ЕУ кон Западен Балкан е долгорочен, но многу важен процес.

Во онлајн дебата организирана од Канцеларијата за врски на Европскиот парламент, тие оценија дека оваа недела самитот ЕУ-Западен Балкан претставува можност да се потврди посветеноста за проширување.

Боговиќ, Фајон и Гросеj се согласија дека ЕУ е должна да им понуди позитивни промени на граѓаните од Западен Балкан, што треба да ги почувствуваат уште пред да влезат во ЕУ, пренесуваaт агенциите.

Тие предупредија дека проширувањето кон Западен Балкан е многу долг процес и дека луѓето во тој процес не смеат да ја изгубат желбата да се приклучат на Унијата.

ЕУ треба да ја подобри директната комуникација со граѓаните од Западен Балкан, рекоа тие и се согласија дека вклучувањето на Западен Балкан во ЕУ кога ќе ги исполни критериумите за пристапување е во интерес на целиот регион.

Можете да прочитате

САД ја продолжија лиценцата за меѓународни операции на Лукоил до 2026

Намалување на ограничувањата за извоз на оружје во Швајцарија

Европејците го гледаат Трамп како непријател и се загрижени за војна со Русија