Утрински Весник
Свет

Словенечки педијатри: Некои деца заразени со Ковид-19 имаат потешка клиничка слика

Словенечки педијатри: Некои деца заразени со Ковид-19 имаат потешка клиничка слика
Dik 300x250 mk

Иако децата главно ја поминуваат инфекцијата со коронавирус без или со благи симптоми, тие поради силната имунолошка реакција може да претрпат оштетување на повеќе органи, вклучително и на срцето, валат словенечките лекари кои наишле на неколку вакви случаи во последните неколку дена.

Како што истакна во четвртокот педијатарот Тина Планкар Сровин од Универзитетскиот медицински центар во Љубљана, минатата недела во болницата примиле шест деца со воспаление на повеќе органи.

Според лекарите, ова било резултат на силна имунолошка реакција на нивниот организам откако децата биле заразени со коронавирус две до четири недели претходно, а потоа се опоравиле.

„Ковид-19 кај деца се развива во полесна форма, но болеста може да има сериозни последици“, предупреди Планкар.

Досега, во таа болница имало 40 деца со Ковид-19, а во последната недела забележале повеќе случаи на деца со „мултиоргански воспалителен синдром“, поврзани со претходна инфекција со коронавирус.

Кај сите деца со овие симптоми примени во болницата минатата недела, се утврдило дека има штетни последици врз срцевиот мускул, па затоа добиле силни лекови против воспаление, а покрај педијатри во третманот учествувале и кардиолози и ревматолози.

Словенечките педијатри забележуваат дека појавата на слични симптоми кај деца со Ковид-19 првпат била забележана во Велика Британија пред неколку месеци.

Универзитетскиот клинички центар во Љубљана потврди дека во првиот бран на епидемијата лекувале само четири деца заразени со Ковид-19, но тоа биле полесни случаи, додека во есенскиот втор бран досега во таа болница биле лекувани 43 деца.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Над 80 милиони евра е вредноста на накитот украден од Лувр

Венс во Израел: Ако Хамас не се разоружа, ќе го уништиме

Француската морнарица запленила 2,4 тони кокаин