Утрински Весник
Македонија

Словенечкиот вицепремиер Здравко Почивалшек во официјална посета на Македонија

Словенечкиот вицепремиер Здравко Почивалшек во официјална посета на Македонија

Вицепремиерот и министер за економски развој и технологија на Република Словенија, Здравко Почивалшек денеска ќе престојува во официјална посета на Македонија.

Почивалшек ќе биде пречекан од министерот за економија Крешник Бектеши по што ќе биде реализирана билатерална средба на двајцата министри.

Двајцата соговорници ќе разговараат за унапредување на економската и трговската соработка помеѓу двете земји.

Почивалшек и делегацијата од Словенија ќе пристигне во Министерството за економија во 11 часот, а по средбата се предвидени изјави.

Можете да прочитате

АХВ: Можно труење со храна во Штип, времено затворена сендвичарница

Николоски: На овие локални избори ќе нема место каде што нема да победиме

Филипче: Ѓубрето во Скопје е исклучиво одговорност на ВМРО-ДПМНЕ