Утрински Весник
Свет

Словенечката амбасада во Киев го отстрани знамето зашто потсетува на руското

Словенечката амбасада во Киев го отстрани знамето зашто потсетува на руското

Словенечката амбасада во Киев мораше да го тргне знамето на својата држава бидејќи премногу потсетувало на руското.

Вршителот на работите на Словенија во амбасадата во Киев, Боштјан Лесјак, кој во неделата пристигна во главниот град на Украина, мораше да го симне словенечкото знаме пред Амбасадата бидејќи е премногу слично на знамето на Русија, пренесува СТА повикувајќи се на словенечки медиуми.

Според началникот, по пристигнувањето во Киев, персоналот на Амбасадата ги посочил знамето на Словенија и на ЕУ, а подоцна припадниците на украинската национална гарда и полицијата побарале од нив привремено да го отстранат словенечкото знаме бидејќи премногу личи на руското.

Лесјак додаде дека украинските власти добро се грижат за безбедноста на службениците на Амбасадата и дека редовно известува за сѐ кај словенечкиот амбасадор Томаж Менчин, кој работи во полскиот град Жешов, во близина на границата со Украина, наведува словенечката агенција.

Можете да прочитате

Невреме ја зафати Италија – 24info.mk

Американска републиканска сенаторка остро реагираше по изјавата на Трамп за целосна контрола на Гренланд

Трамп: САД нема да употребат сила за да го преземат Гренланд