Утрински Весник
Свет

Словенец со крофни сакал да ги отруе ќерка си и поранешната сопруга

Словенец со крофни сакал да ги отруе ќерка си и поранешната сопруга

32-годишен Словенец е обвинет за обид за труење со крофни на неговата поранешна партнерка и нивната шестгодишна ќерка со крофни, објавија весниците „Дневник“ и „Вечер“.Тој е во притвор од 7 октомври, а притворот му е продолжен до 6 јануари, поради опасност од повторување на кривичното дело.

Според медиумите, 32-годишникот е обвинет за два обиди за убиство, за што му се заканува затвор од најмалку 15 години. Исто така, му се заканува парична казна или казна затвор до шест месеци за закана.

Полицијата соопшти дека тој од порано е во нивната евиденција за насилни кривични дела, како и за обид за убиство, па затоа е наложена полициска заштита за двете жртви сè  додека 32-годишникот не бил однесен во притвор. Осомничениот им рекол на истражителите дека супстанцата којашто го предизвикала труењето е лек наменет за негова лична употреба.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Санчез: Инвазијата на Гренланд од страна на САД би го усреќила Путин

12годишно дете нападнато од ајкула на плажа во Австралија

Пентагон планира да испрати 1.500 војници во Минесота