Утрински Весник
Свет

Словачкиот премиер го критикуваше својот претходник, го паметеле по девојките и алкохолот

Словачкиот премиер го критикуваше својот претходник, го паметеле по девојките и алкохолот

Премиерот на Словачка Игор Матович го критикуваше својот претходник Роберт Фицо, тврдејќи дека тој останал запаметен меѓу европските лидери по две работи – девојки и алкохол.

На тој начин тој одговори на критиките на Фиц, кој го обвини за лош настап на самитот во Брисел.

По владината седница, Матович објасни дека ги прашал европските лидери на самитот за нивните искуства со Фицо.

Некои, тврди тој, не можеле ни да се сетат на него, пренесува ТАСР.

„Фиц секогаш влегуваше последен во пленарната сала, кога сите останати веќе седеа“, рече тој, додавајќи дека вистинските разговори честопати се одвиваат пред официјалните дискусии.

„Кога ќе завршеше дискусијата, Фицо си заминуваше. Тој никогаш не разговараше со никого и никој дури не разговараше со него“, додаде тој.

Затоа тој е убеден дека Фицо лажел кога рекол дека разговарал со неколку европски лидери на телефон и го повика Фицо да каже кои се тие лидери.

„Имам многу добри односи со повеќето од овие лидери“, рече Матович.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Ким Џонг-ун се сретна со Шојгу во Пјонгјанг

Иранските државни медиуми објавија видео од рака како гали нуклеарна бомба

Цените на нафтата близу петмесечниот максимум поради тензиите на Блискиот Исток