Утрински Весник
Свет

Словачка го заострува карантинот за патниците

Словачка го заострува карантинот за патниците

Владата во Словачка воведува задолжителен двонеделен карантин, па словачките власти напоменуваат дека лицата што планираат да патуваат во оваа земја ќе треба да додадат уште 14 дена на нивниот патен правец.

„Причината за мерката, која стапува на сила во понеделник, главно е јужноафриканскиот вид на вирусот“, рече министерот за здравство Марек Крајчи.

Официјалните служби во Словачка, соопштуваат дека луѓето кои патуваат да работат преку граница се изземени од оваа мерка. Тие само треба да покажат негативен тест.

Според експертските анализи, Словачка помина низ првиот бран на пандемија подобро од повеќето други земји на Европската унија. Сепак, наведуваат дека  од октомври, бројот на инфекции и потврдени смртни случаи драматично скокнал.

Експертите предупредуваат на можен колапс на здравствениот систем.

Според нив, Словачка сега е една од најтешко погодените земји во Европа. До вчера, бројот на потврдени случаи во земјата се искачи на 269.000, а повеќе од 5.500 лица починаа.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Зеленски го одби предлогот на Путин за повлекување од Донбас, и покрај поддршката од Трамп

Путин го сака цел Донбас во замена за мир

Русија прогласи дипломатски успех по разговорите во Алјаска