Утрински Весник
Свет

Словачка воведе нови мерки за ограничување на движењето на луѓето

Словачка забранува собирање на повеќе од шест лица
Dik 300x250 mk

Словачка донесе нови мерки за ограничување на движењето на граѓаните, откако беше потврден најголемиот број новозаразени во земјата од почетокот на пандемијата.

Од денеска на словачките граѓани ќе им биде дозволено да ги напуштат своите домови само за да одат на работа, да купуваат храна и лекови во најблиските продавници и аптеки, да одат на лекар, да се тестираат за коронавирусот и да одат на погреби. Дозволено е шетање на кучињата до 100 метри од домот.

Во Словачка, во изминатите 24 часа беа потврдени рекорсни 2.890 нови случаи на Ковид-19. Словачките власти вчера започнаа со тестирање на граѓани кои живеат во четирите области најпогодени од пандемијата.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Австралија ќе им обезбеди на жителите три часа бесплатна сончева енергија дневно

Украина ќе произведува оружје во Берлин и во Копенхаген

Италија го повика рускиот амбасадор поради изјавите на Захарова за кулата во Рим