Утрински Весник
Македонија

Следува стабилно време со пораст на дневните температури

Сончево со мала локална облачност, температурата до 20 степени

Скопје, 8 мај 2020 (МИА) – Времето денеска ќе биде сончево со умерен ветер од северозападен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 0 до 8, а максималната од 18 до 25 степени.

Во Скопје, сончево со слаб до умерен ветер од северозападен правец.

Минималната температура ќе се спушти до 5, а максималната ќе достигне до 23 степени.

Според прогнозата на Управата за хидрометеролошки работи (УХМР) во наредните денови следува период на стабилно време со пораст на дневните температури. лв/бак/

 

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Бугарија му забрани влез на адвокатот Тони Менкиноски во следните 10 години

Евакуација на македонските државјани од Блискиот Исток со комерцијални чартер-летови од недела

Тополова – Исајловска: Кога жртвата се повлекува од притисок, системот мора да биде доволно силен да ја заштити