Кон почетокот на следната недела ќе стигнат вторите дози од „Спутник В“ кои ќе се користат како втора доза за здрасвтвените работници кои ја примија првата доза, најави премиерот, Зоран Заев.
Заев очекува кон крајот на месецот или почетокот на следниот да започне масовната имунизација во земјава. Првите дози преку Ковакс механизмот Заев ги очекува кон крајот на месецов, а за кинеските вакцини чека информација да донесе кинескиот министер за одбрана кој ќе дојдел на 30-ти месецов.