Утрински Весник
Магазин

Славните личности вложуваат во електрични пловила

Славните личности вложуваат во електрични пловила

„АРЦ“ е стартап кој беше лансиран пред 10 месеци, а нивната мисија е да ги електрифицираат сите пловни објекти со акцент на ограничена серија бродови во вредност од 300.000 долари.

Тоа го привлече вниманието на познатите личности – инвеститори, вклучувајќи ги актерот Вил Смит, кошаркарот Кевин Дурант и раперот и продуцент Шон Диди Комбс.

„Овие луѓе, покрај тоа што се врвни во она што го работат, имаат и големо искуство со создавање брендови и маркетинг“, рече ко-основачот и извршен директор на „АРЦ“, Мич Ли.

Со други зборови, Комбс, Дурант и Смит имаат моќ да влијаат на пазарот што ARC се обидува да го зграпчи. Според Ли, луксузниот сегмент, кој вклучува бродови од 300.000 долари, не е крајната цел на компанијата.

Електричните чамци се потивки, побрзи, посигурни и поевтини за одржување.

Можете да прочитате

Зорица Брунцлик итно префрлена на хирургија

Најевтината туристичка дестинација: Седумдневен пакет „сè вклучено“ чини 270 евра

Најдобри автомобили: Нема дефекти и поправки дури ни по 100.000 километри