Утрински Весник
Економија
300x250 opst2

СКСЗМ: Граѓаните да се известат најмалку 48 часови пред одлуките за ограничување на движењето да стапат во сила

СКСЗМ предлага мерки за помош на компаниите, бара партиите да не ја користат кризата за политички поени
300x250 opst2

Скопје, 4 април 2020 (МИА) – За Стопанската Комора на Северо-Западна Македонија (СКСЗМ) неприфатлива е одлуката за ограничување на движењето на граѓаните на Куманово во текот на целиот викенд, бидејќи сметаат дека е неопходно граѓаните да се известат најмалку 48 часови пред слични одлуки да стапат во сила.

-Оваа одлука е неприфатлива од фактот што е донесена само неколку часа пред да почне ограничувањето на слободното движење од 21:00 часот и еден ден пред да започне викендот, со што граѓаните на Република Северна Македонија се информираат само неколку часа порано. Оваа ситуација создава заблуда и паника кај граѓаните од таа зона, кои од недоволно снабдување со основна храна се собираат во толпа од луѓе за да ги извршат потребните набавки. Ваквата состојба го зголемува нивото на ризик од ширење на коронавирусот уште повеќе, факт што е во ничиј интерес за време на овој период на пандемијата COVID19, порачуваат од СКСЗМ.

Апелираат до релевантните институции за каква било слична одлука што ќе се донесе, да се известат граѓаните најмалку 48 часа пред таа да влезе во сила.

-Стопанската Комора на Северо-Западна Македонија секогаш настојува да ја одржи соработката со државните институции на највисоко ниво и високо го цени воспоставеното партнерство со истите институции. СКСЗМ секогаш ќе придонесува да се создаде поволно опкружување за бизнисите во земјата и за таа цел ќе реагира за сите избрзани и погрешни одлуки на Владата, како што е примерот со одлуката на Владата за ограничување на движењето во градот Куманово т.е се ограничува движењето на граѓаните почнувајќи од петок (03.04.2020) од 21:00 часот до понеделник (06.04.2020) до 05:00 часот, велат од СКСЗМ. вј/вг/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Светска банка ги зголеми проекциите за Македонија: 3,1 отсто раст во 2025 година, 3 проценти во 2026 и 3 отсто во 2027

Пад на инфлацијата во септември во однос на претходниот месец за 0,2 отсто

Направени првите трансакции преку СЕПА, за гувернерот ова е историски ден за државата