Утрински Весник
Свет

Скоро 70 медицински работници во Шпанија се заразиле со Ковид-19 на заедничка прослава

Скоро 70 медицински работници во Шпанија се заразиле со Ковид-19 на заедничка прослава

Речиси 70 медицински работници кои присуствувале на голема божикна прослава во јужна Шпанија се заразиле со коронавирус, соопштија денеска тамошните власти.

Според Би-би-си, повеќето од 68-те заразени се лекари и медицински сестри кои работат на одделот за интензивна нега во регионалната болница во Малага.

Здравствените власти соопштија дека сите биле на забава минатата среда на која присуствувале околу 170 луѓе.

Во соопштението се додава дека заразените медицински лица се целосно вакцинирани и дека немаат никакви симптоми на вирусот.

Во локалните извештаи се наведува дека лекари и медицински сестри од други одделенија на регионалната болница во Малага се прераспределени за да ги заменат своите колеги.

Епидемијата ја зголеми загриженоста за ризикот од ширење на Ковид-19 на групните настани за време на Божик, а здравствените власти во Андалузија го советуваа медицинскиот персонал да не присуствува на божикните забави, јавува Би-би-си.

Како и многу европски земји, Шпанија бележи зголемување на инфекциите со коронавирус во последните недели, што предизвика страв од четврти бран како што се приближуваат постудените зимски месеци.

Можете да прочитате

Трамп: САД ќе им помогнат на Полска и балтичките држави во случај на руски напад

Макрон: Ослободувањето на заложниците на Хамас е услов за отворање француска амбасада во Палестина

Трамп, Венс и 100 илјади луѓе ќе присуствуваат на комеморацијата за Чарли Кирк