Утрински Весник
Македонија

Скоро 14 илјади решенија за изолација биле издадени во рок од една недела

Скоро 14 илјади решенија за изолација биле издадени во рок од една недела
Dik 300x250 mk

Државниот санитарен инспекторат издал скоро 14 илјади решенија за изолација за една недела, посочи претседателката на Инспекцискиот совет, Магдалена Грашкоска.

Таа кажа дека прекршоци регистрираат скоро сите инспекторати.

Агенцијата за лекови, во минатата недела извршила 12 надзори, е една од ретките кои не констатирале неправилности. Од седумте инспекциски служби, за една недела биле спроведени 5.236 надзори и контроли.

„Државниот здравствен санитарен инспекторат изврши 92 надзори и изрече 17 решенија за прекршоци. Инспекторатот минатата недела издаде и вкупно 13.957 решенија за изолација и домашно лекување на лица заболени од корона или лица кои биле во контакт со заболено лице“, рече Грашкоска.

Агенцијата за храна и ветеринарство извршила 220 надзори. За утврдените неправилности издала осум решенија, 15 едукации и два прекршочни платни налози.

Државниот инспекторат за животна средина извршил 39 надзори и констатирал неправилности.

„Инспекторатот за транспорт изврши 30 надзори и изречени се 2 прекршочни пријави и еден прекршочен платен налог. Во однос на здравствените протоколи, не се констатирани прекршоци. Инспекторатот за труд во изминатите седум дена изврши 341 надзор во различни правни субјекти, со фокус на протоколот за превентивни мерки за сите работни места. Трудовите инспектори донесоа 16 решенија од кои 9 заради непочитување на протоколот. Изрекоа и пет прекршочни налози за вработени бидејќи не носеле заштитна маска“, додаде Грашкоска.

Можете да прочитате

Мицкоски: Иднината на државата е во рамките на ЕУ

„Молкот на разумот“ на Кумјана Новакова ја освои меѓународната филмска награда за човекови права на Нирнберг

Средба Мицкоски – Страмер: Разговарано за продлабочување на билатералната соработка