Утрински Весник
Македонија

Скопје се уште најголемо жариште на Ковид-19 во земјава, активни се 1.862 случаи, од кои 421 во Чаир

Неготинец кој дошол од Германија позитивен на коронавирусот
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Скопје, 26 јуни 2020 (МИА) – Од вкупно активни 3.284 случаи на заразени со Ковид -19 во земјава, 1.862 се во Скопје. Откако пред околу две недели драстично почна да се зголемува бројот на новодијагностицирани од коронавирус во земјава, а со што беше прогласен и вториот пик на епидемијата, во Скопје се бележат највисоките бројки, најмногу во општина Чаир.

Од Министерството за здравство соопштија дека активни случаи по општини во Скопје заклучно со вчера  се Чаир – 421, Аеродром – 143, Бутел – 139, Гази Баба – 149, Центар – 125, Карпош – 125, Сарај – 139, Кисела Вода – 107, Ѓорче Петров – 88, Студеничани – 95, Шуто Оризари – 76, Арачиново – 53, Илинден – 30, Петровец – 18, Чучер Сандево – 17, Сопиште – 12, Зелениково-2, странец – 3 и нераспределен-51 случај.см/дма/

 

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Тошковски: Со воведување на проектот „Безбеден град“ намален е бројот на повредени од сообраќајки

Гаши со апел до пратеничките групи да се избере Народен правобранител

Мицкоски: Лага е дека има договор за мигранти, граѓаните да бидат спокојни