Утрински Весник
Македонија

Скопје одбележува 59 години од катастрофалниот земјотрес

Dik 300x250 mk

Скопје денеска со повеќе активности одбележува 59 години од земјотресот кој го разори градот.

dobivaj vesti na viber

Собраниска делегација, во состав Даниела Николова и Тони Јаревски, ќе положи венец пред Споменикот на загинатите од земјотресот на Градските гробишта Бутел. Почит ќе оддаде и владина делегација предводена од вицепремиерот задолжен за европски прашања Бојан Маричиќ, пред споменикот на жртвите од земјотресот во Скопје.

Град Скопје и јавните културни установи традиционално ќе организираат голем број настани.

Во МКЦ по повод сеќавањето на земјотресот, најавен е настан насловен „За Скопје“, во чии рамки ќе се случува поетско читање, отворање на изложбата „За Скопје, со љубов од целиот свет“, „1963: Good Night Skopje“ и музичка програма.

Во разорниот земјотрес на 26 јули 1963 година животот го загубија 1.070 лица, а околу 3.000 беа повредени. Беа урнати 15.800 станови, а оштетени околу 28.000. Над 200.000 луѓе останаа без покрив над главата. Првата помош за граѓаните на Скопје дошла од војската и граѓаните на тогашните југословенски републики, а неколку дена по земјотресот започнала да пристигнува помош и спасувачки екипи од целиот свет. Точно 87 нации од светот испратиле некаква помош во Скопје кои помогнале градот да се изгради повторно, поради што го носи и епитетот „град на солидарноста“.

Можете да прочитате

Зохиу: Герапетритис и Мицкоски на средбата во Лондон се осврнаа на многу добрата клима во билатералните односи

Лашкоска: Протоколот за вода и здравје – рамка за побезбедна и поодржлива иднина

Од утревечер повремени локални врнежи од дожд, наместа поројни