Утрински Весник
Македонија

Скопје дел од видео-конференција со Пекинг за размена на информации за коронавирусот

Скопје дел од видео-конференција со Пекинг за размена на информации за коронавирусот

Скопје, 13 март 2020 (МИА) – Во рамки на активностите на процесот за соработка меѓу Кина и земјите од Централна и Источна Европа, познат како “17+1”, денеска се одржува видео конференција, преку која се поврзаа главните градови на земјите од “17+1”, каде наши претставници се министерот за здравство, Венко Филипче и заменик минстерот за надворешни работи, Андреј Жерновски, во присуство на амбасадорот на Кина во Северна Македонија, Џанг Ѕуо.

Како што соопшти МНР, тема на конференцијата е борбата против ширењето на коронавирусот (COVID-19) и претставува дополнителна алатка за директна размена на корисни информации и искуства меѓу надлежните институции од земјите членки, а видео линкот во Скопје е лоциран во зградата на Министерството за надворешни работи.

Конференцијата, се наведува, е овозможена и организирана од министерствата за надворешни работи и за здравство на Народна Република Кина, како земја што беше најтешко погодена од корона вирусот, за да се споделат своите искуства околу преземените мерки и активности во насока на превенција и сузбивање на ширењето на вирусот, а во тек е синхронизирната дискусија.

Во име на Република Северна Македонија во дискусијата учествува директорката на Клиниката за инфективни болести, Милена Стевановиќ, која покрај тоа што информира за последната состојба во земјава во контекст на заболените од COVID-19, за нивното лекување, за начинот и капацитите за справување на здравствениот систем во Северна Македонија со овој вирус, поставува и прашања за тоа на кој начин институциите и граѓаните полесно да се  справат со новонастаната состојба, стои во соопштението од МНР (линк од видео-конференцијата https://covid19.alliancebrh.com/) .вг/са/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Скопје никако да се спаси од загадувањето, повторно во топ 10 најзагадени градови во светот!

Д-р Јовановски на подкаст ЗРАК: Има различни методи на реконструкција по мастектомија

Кузмановска: Хема – Онко нуди поддршка за лицата заболени од канцер