Утрински Весник
Македонија

Скопјанка се обидела да ја напушти државата со фалсификувани потврди за себе и за своите деца

Скопјанка се обидела да ја напушти државата со фалсификувани потврди за себе и за своите деца

Скопјанка на Меѓународниот аеродром во Скопје прикажала лажни потврди од негативни тестови за коронавирус за себе и за своите три деца и на таков начин се обидела да ја напушти државата, соопшти полицијата.

Поради ова, Основното јавно обвинителство Скопје поднесе обвинителен предлог за кривично дело – Фалсификување исправа од член 378 став 1 од Кривичниот законик.

Обвинетата 38-годишна скопјанка на 3 август се обидела да оствари излез од државава на граничниот премин на Меѓународниот аеродром Скопје, презентирајќи лажни потврди за негативни тестови за коронавирус за себе и за своите три деца.

Иако знаела дека не се тестирале во наведената лабораторија, таа лажните медицински сертификати ги употребила како вистински, прикажувајќи ги пред аеродромските служби.​​

Можете да прочитате

Пациенти со ретки болести без терапија: „Нарачано не значи стигнато“, вели Алексовска

Обвинителката Бојчевиќ го отфрли признанието: Стојанче се обидува да избегне одговорност

Апелација им ги зголеми казните на сите 13 обвинети во случајот со велешката група за сексуална злоупотреба и изготвување порнографски материјал​ со дете-жртва