Утрински Весник
Македонија

Скопјани фатени при вршење тешка кражба, од вагони преточиле 300 литри гориво

Скопјани фатени при вршење тешка кражба, од вагони преточиле 300 литри гориво

Полициски службеници од Полициската станица Гази Баба, во попладневните часови, на 28 декември, во кругот на РЖ „Товарна – Трубарево“, ги затекнале Б. К. (58) и Н. А. (46), двајцата од Скопје, при вршење тешка кражба.

Како што информираат од МВР, двајцата краделе гориво од вагоните, при што имале украдено речиси 300 литри гориво.

Тие биле приведени, а украденото гориво било вратено на оштетеното правно лице.

По целосно документирање на случајот, ќе следуваат соодветни кривични пријави.

Можете да прочитате

Продолжи судењето против таткото на Васил Јованов, одбраната со забелешки за изведувањето на доказите

Заврши интервјуирањето на кандидатите за членови на Комисијата за заштита од дискриминација

Судскиот совет му го одзеде имунитетот на апелацискиот судија Ѓоко Ристов, одобрен куќен притвор