Утрински Весник
Македонија

Скопјани се во опасност со одлуката за презаштита на Водно, предупредуваат активистите кои бараат средба со Заев

Скопјани се во опасност со одлуката за презаштита на Водно, предупредуваат активистите кои бараат средба со Заев

Граѓанските здруженија „Го Сакам Водно“ и „О2 Иницијатива“ доставијa барање до претседателот на Владата, Зоран Заев, за итна средба заедно со претставници од Шумарскиот факултет, МЗШВ, УХМР, ЦУК, Агенција за за планирање на просторот.

Причината е што Министерството за животна средина и просторно планирање на чело со министерот Насер Нуредини одлучија да продолжат со процесот на ре-прогласување на дел од планината Водно за заштитено подрачје, но овој пат со многу ниска заштита од V категорија – заштитен предел.

„Наместо изготвување на бараниот посебен Закон за Водно, со кој би се изготвила сеопфатна, интегрирана заштита на Водно, се продолжува со Одлуката базирана само на еден, многу мал аспект од Водно. Особено опасен е ставот на МЖСПП дека донесувањето на Одлуката не претставува пречка за подготовка на посебен Закон за Водно, кој откако ќе биде изработен ќе може да ја инкорпорира и донесената Одлука. Причината е што со предвиденото зонирање и предвидените активности се поништуваат огромен број на веќе изработени студии за заштита од ерозија и поплавување“, наведуваат здруженијата.

Според нив, носење на Одлуката за презаштита на Водно и носењето на посебен Закон за Водно не може да одат рака под рака, зошто ќе се во меѓусебна колизија и ќе се поништуваат еден со друг.

Предеупредуваат дека ако Владата ја донесе предложената Одлука за презаштита на Водно, но овој пат од V категорија, ќе ја доведе безбедноста на граѓаните на Скопје во опасност, поради не земање предвид на ерозивните процеси на Водно, појавата на свлечишта, опасноста од поројни поплави и пожари. Бидејќи зонирањето кое се наметнува со одлуката не ги зема овие нешта предвид.

За разлика од построгата и постоечка заштитата која е на сила од 1976, со измени во 1989, 1990, 1991, со која најголемиот дел од Водно е заштитен како предел со посебни природни карактеристики: парк-шума. Водно во својот најголем дел е вештачки пошумено со видови кои претежно не се автохтони. Она што во најголема мера настанало вештачки, се прогласува за природно тогаш, поради постоење на правен вакуум и неопходноста за заштита поради безбедносната улога која ја има пошуменото Водно за град Скопје.

Водно е повеќенаменско, каде на прво место доаѓа безбедноста од поплавување на градот и заштита од пожари, потоа неговата рекреациска улога, еколошката улога за прочистување на воздухот и на крај е заштитата на природното и културно наследство. Граѓанските здруженија се децидни дека неспорен и апсолутен приоритет е безбедносната улога на Водно, која со прогласување на Одлуката за Водно за заштитено подрачје од V категорија ќе се поништи.

Во доставеното мислење на Агенцијата за планирање на просторот до МЖСПП се наведува: „Прогласувањето на подрачјето со уважување на само еден аспект (природниот, кој за Водно воопшто не е доминантен) и игнорирајќи ги останатите, кои за граѓаните на Градот Скопје значат заштита, безбедност и живот без сериозни закани; значи дека Водно ќе го претвориме во еден простор кој за идните генерации наместо подрачје со мултифункционално значење, ќе се претвори во подрачје со бројни проблеми без решение.“

 

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Честитка од ВЛЕН по повод 28 Ноември – Денот на независноста на Албанија

СДСМ: Јаловите напади на ВМРО-ДПМНЕ се доказ за нивната нервоза и страв од промените во СДСМ

Филипче: Започнуваме веднаш со работа, најавувам посета на сите општински организации