Утрински Весник
Македонија

Скопјани имаат уште 10 дена да ги исплатат долговите за вода на рати и без камата

Скопјани имаат уште 10 дена да ги исплатат долговите за вода на рати и без камата

ЈП Водовод и канализација – Скопје ја известува јавноста и граѓаните на град Скопје, дека акцијата за наплата на долговите на рати без камата е во тек и истата завршува за 10 дена.

Акцијата за наплата на долговите на рати без камата за физички и правни лица, која започна на 17 јуни годинава е со определен временски рок и завршува на 31 месецов.

„Ги повикуваме сите корисници кои имаат заостанат долг да аплицираат за склучување на договори за исплата на долговите на најмногу 24 рати, во зависност од висината на долгот, без камата за задоцнето плаќање. По истекот на овој период, одлуката преставува да важи“, информираат од скопски „Водовод“.

Имајќи ја предвид ситуацијата со коронавирусот, од јавното претпријатие повикуваат странките да се придржуваат до сите протоколи при посетите на претпријатието за склучување на договорите.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Со месеци не функционира Агенцијата за слободен пристап до информации

СДСМ: Мицкоски ја претвора Развојната банка во филијала на своите бизниси

МНР до македонските граѓани во Израел: Сокријте се на безбедно, летовите се откажани