Утрински Весник
Македонија

Скопјанец ја нападнал својата девојка и ѝ се заканувал

Скопјанец ја нападнал својата девојка и ѝ се заканувал

Дваесет и осумгодишен скопјанец физички ја нападнал својата девојка и  ѝ се заканувал.

Случајот во полицијата го пријавила девојката.

„На 30.11.2021 во 23.30 часот во СВР Скопје 23-годишна жителка на Скопје пријавила дека на 25.11.2021 и на 30.11.2021 околу 16.30 часот во с.Волково, скопско, по претходна расправија, била физички нападната од Ф.Ј.(28), со кого била во љубовна врска и ѝ биле упатени закани“, велат од МВР.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Можете да прочитате

Одбележување на Светскиот ден на волонтерството

Облачно со врнежи од дожд, температури до 12 степени

Нов бран на обилни дождови во Македонија, можни се нови поплави