Утрински Весник
Македонија

Скопјанец со автомобил удрил во полицаец

59 санкционирани возачи на автопатот Гевгелија – Куманово

Скопјанец со автомобил удрил во полицаец кој обезбедувал локација на која се случила сообраќајна несреќа.

Според информациите на МВР, вчера околу 21.15 часот на ул.„Скупи“ во Скопје, додека двајца полициски службеници извршувале службени дејствија, обезбедувајќи претходно случена сообраќајна незгода меѓу две возила, едниот од нив бил удрен од автомобил „пежо“, со скопски регистарски ознаки, управувано од М.Ј.(53) од Скопје.

Полицаецот со повреди бил пренесен во Комплексот клиники „Мајка Тереза“.

Извршен бил увид на местото на настанот од увидна екипа од СВР Скопје, а М.Ј. бил приведен.

Извор: Makfax

Можете да прочитате

Лимани со Ахмети и Таравари на ифтар кај Рама во Тирана

Петровска: Како една од 120 пратеници им се извинувам на родителите од Кочани

Трагедија во Тафталиџе: Детето тропало по врати и барало помош